Георги Димитров Адвокати

Георги Димитров Адвокати

Банкарско и финансиско право. По светската финансиска криза во 2008, банките внимателно ги редефинираат своите правни стратегии, фокусирајќи се на безбедни и издржани операции, и чести совети од избраните адвокатски друштва со забележително континуирано искуство во пружањето правна помош на финансиските институции. Ние сме советници на повеќе домашни и странски банки. Нашето друштво беше советник на една интернационална банка од Лондон по однос на правната рамка и пазарите за осигурување и финансиски деривати во Република Македонија, како и на Европската банка за обнова и развој (EBRD), на банка од Чешка и банка од Словенија во однос на правното усогласување на нивното дејствување во Република Македонија. Ние советуваме една комерцијална банка од Скопје за правни совети на територијата на Република Македонија.