Работно законодавство. Нашето друштво е специјализирано за работно законодавство и прима признанија заради обезбедувањето на правни услуги на работодавците од оваа област. Имаме големо искуство во процесот на одвојување на несуштински дејности, намалувањето на бројот на вработените поради деловни причини, подготовка на корпоративни документи од областа на вработувањето, безбедноста и здравјето при работа, застапувањето на работодавците во работни спорови, како и давање на правни услуги на работодавците при склучување на колективни договори. Денес со сигурност може да се каже дека голем дел од македонските работодавци со над 1.000 вработени биле корисници на услугите на нашите експерти при поголемите реорганизации, кои резултираа со намалување на поголемиот број на работниците заради деловни причини. Нашиот адвокат Георги Димитров е национален експерт на Светската банка во областа на работното законодавство и има објавено труд за Изјавата за безбедност во согласност со Законот за работни односи во списанието Деловно право, а има одржано предавање на оваа тема на 60тиот собир на Македонското здружение на правници.
Кратка листа • Советување на еден од најзначајните телекомуникациски оператори во Македонија при процесот на колективнотопреговарање со Синдикатот на компанијата • Советување на еден од најзначајните телекомуникациски оператори во Македонија во постапката за намалување на бројот на работниците заради деловнипричини и поддршка во процесот на преговори со Синдикатот на компанијата во однос на пакетите за отпремнина на вработените • Советување на еден од најзначајните телекомуникациски оператори во Македонија во однос на работнитеспорови и прашањаповрзани со преговарањето за Колективниот договор • Советување на еден од најголемитепроизводители на цемент во регионот во постапката за намалување на бројот на вработени заради деловнипричини, и воспоставување на новаорганизационашема, структуирање на пакетите за отпремнина на работниците и застапување на компанијата во повеќе од 50 работниспоровииницирани од поранешнитевработени • Советување на странскитеакционери на акционерско друштво за производство на мебел за намалување на бројот на вработените, преговорите со синдикатот и преговорите со Фондовите за пензиско и здравственоосигурување • Советување на раководството на еден од најголемитепроизвoдители на леб во Македонија во постапката за намалување на работнатасила и преговорите со синдикатот • Советување на еден од најзначајните производители на софтвер во светот и компанијата во Македонија во однос на здравствени и безбедноснипрашања • Советување на друштво за наплата на побарувања по однос на здравствени и безбедноснипрашања.